За да известуваат позитивно за Грција

Ефимерида: 1 милион евра од грчкото МНР отишле и во македонски медиуми

Околу еден милион евра од грчкото Министерство за надворешни работи добиле дел медиуми во Албанија и Македонија за да известуваат позитивно за интересите на Грција, објави грчка Ефимерида.

Дел од парите добиле и некои православни цркви и генерално православието, вели Ефимерида.

На прашањето зошто ги дало парите, одговорот од Министерството бил: „За лобирање и за да известуваат позитивно за интересите на Грција“.

Прашањето за тајните фондови на МНР се појавило како тема на 10 октомври, само една недела пред кавгата меѓу министерот за одбрана Панос Каменос и сега веќе бившиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас за тоа каде отишле тие пари. Каменос го обвини Коѕијас дека лошо ги управува тајните фондови на Министерството, по што Коѕијас даде оставка од функцијата.

Текстот на Ефимерида предизвика бурни реакции од грчката влада, која најави дека ќе ја тужи веб-страницата за шпионажа.

 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе