Вечерва

Полицијата го побара Груевски во неговиот дом, никој не ѝ отвори (ФОТО+ВИДЕО)

Полициска екипа вечерва дојде во станот на поранешниот премиер Никола Груевски за да го спроведе во затворот во Шутка за издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк", за постапката при набавката на мерцедесот од 600.000 евра.

Тоа следува по распишаната потерница од МВР на барање на Кривичниот суд, откако Груевски не се пријави во затворот во предвидениот рок. 

Полицајците го побараа Груевски во неговиот стан, но никој не им отвори, по што тие слегоа пред влезот на зградата.

Засега нема информации каде е Груевски и дали полицијата го лоцирала. Од МВР велат дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија од постапувањето по потерницата.
 
Кривичниот суд во Скопје попладнево во 16.30 часот достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против Груевски, откако изминативе денови судските курири не успеаја да му го достават решението на Советот на судот со кое се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна за  „Тенк“. 

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе