Кривичен суд

Почна сведочењето на Сашо Тасевски за „27 aприл“

По шестчасовното сведочење на заменик-министерот на МВР Агим Нухиу, пред малку почна сведочењето на Сашо Тасевски, сегашен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), а тогашен обезбедувач на премиерот Зоран Заев.

Додека сведочеше Нухиу, судењето во еден момент повторно беше паузирано поради здравствен проблем на Мунир Пепиќ, покачен крвен притисок, поради што беше повикана брза помош, но судијката Добрила Кацарска не го прекина судењето.

Нухиу во своето сведочење тврдеше дека тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, на агресивен начин одговорал на неговите прашања вечерта кога се случувал инцидентот во собраниската зграда, одговарајќи му „што мислиш што се случува, народ се случува“.

Обвинетиот Игор Југ за време на сведочењето на Нухиу извикуваше „судите 33 Македонци, а каде е српскиот шпион Живаљевиќ?“ 

Денеска во Кривичниот суд за случувањата во Собранието на 27 април сведочеа и градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа.

За случувањата во Собранието обвинети се 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок, а двајца за помагање на делото.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе