Почина новинарот Марјан Блажевски

Новинарот Марјан Блажевски по кратко и тешко боледување почина денеска во Скопје. Блажевски беше роден во 1968 година во Скопје, а најголемиот дел од својота новинарска кариера го помина во дневниот весник „Дневник“. По затворањето на „Дневник” работеше во порталот „Фактор”. 

Ангажманот го почна во скопската рубрика, а потоа беше новинар во економската рубрика на која неколку наврати беше и уредник.

Колегите новинари кои работеа со прерано починатиот Блажевски ќе го паметат како добар професионалец и колега, а читателите по неговите текстови на економски теми.

Погребот е утре во 14 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе