„Нема воздух, нема мир“

По заканите кон средношколците Шилегов ја разреши директорката на „Никола Карев“

Директорката на средното училиште Никола Карев е разрешена. Причина се заканите кои денес таа ги упати до средношколците кои сакаа да протестираат поради загадување на воздухот. Средношколците денеска ја бојкотираа наставата во повеќе училишта во Скопје, но и во други градови во знак на протест поради загадувањето на воздухот, во пресрет на денешниот протест против загадувањето.

Средношколците со заштитни маски и транспаренти излегоа во училишните дворови со порака. „Нема воздух нема мир!".

Некои од нив слободно го изразија своето негодување против загадување, но некои се соочуваа со закани од наставниците и директорите на училиштата.
Меѓу оние кои денеска ја бојкотираа наставата беа и учениците од средното училиште „Никола Карев", а директорката таму им се закани дека ќе сносат последници за своите постапки.

Снимката со директорката беше објавена на социјалните медуми, а на неа таа вели: „Само вие протестирате и нема настава. За последиците не ви гарантирам".

По ова градоначалникот Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата Никола Карев во Скопје, а по објавената снимка каде  Горица Илиовска на насобраните ученици во холот на гимназијата се заканува со последици врз учениците, воколку истите излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување.

„Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест. Правото на здрава животна средина е неприкосновено право, исто како и правото да се протестира за истото. Битката против климатските промени и за чистиот воздух мора да биде заедничка, на институциите, но и на граѓаните. И не само декларативна, туку и конкретна. Институциите да предначат, а граѓаните со свој пример да учествуваат во неа. Само така, таа битка може да ја добиеме. Сите заедно. Токму заради иднината на нашите млади“, се вели во соопштението на град Скопје. 

По најавите за можни притисоци врз средношколците кои сакаат со бојкот или излегување на вечерашниот протест да ја изразат својата загриженост од загадениот воздух и климатските промени, од Младинскиот образовен форум ги повикаа средношколците да ги пријавуваат сите форми на закани.

„Доколку средношколците сметаат дека преку организиран протест ќе го привлечат вниманието на јавноста и институциите кон аерозагадувањето, тогаш тие треба да имаат можност без притисок, закани и опструкции да ги искористат своите права. Младински образовен форум го поддржува ученичкото организирање и се залага за исполнување на уставно загарантираните права, во овој случај на средношколците. Ние стоиме на располагање на сите млади кои ќе се најдат во ситуација каде интегритетот на нивните ученички права би бил загрозен", велат од МОФ.

За денеска во 17 часот пред Министерството за животна средина е закажан уште еден протестен марш против загадувањето – Марш за нашите животи! СТОП за 3.500 жртви од загадениот воздух!, кој ќе се одржи во организација на Зелен фронт, Зелена Револуција.

„Во исчекувања на првиот рок за исполнување од нашите над 100 барања – 31.12.2019, #ЗеленФронт на здружени над 40 граѓански движења, иницијативи, организира втор протестен марш, во петок, 20-ти декември. Времето и маршутата остануваат исти од претходниот марш. 17:00 пред Министерството за животна средина, крајна цел: пред Влада. Остануваме на улиците за да ги потсетиме на нашите барања, затоа што ова е прашање на живот или смрт, кое не смее да чека повеќе ниту момент“, се вели во објавата за протестот.

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе