ОЈО ги следи изјавите на поглаварот на ИВЗ

По распитот за „див народ без идентитет“ реисот Реџепи во Обвинителството за „судијката да почине“

Основното јавно обвинителство ги следи случувањата со изјавите на поглаварот на ИВЗ, реизот Сулејман Реџепи и повторно ќе го повика на распит, потврдуваа од ОЈО за МКД.мк. Тој еднаш беше повикан на распит во Обвинителството откако Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за ширење говор на омраза од страна на поглаварот. Овој предмет сега се надоградува и со нова изјава за говор на омраза. 

„Обвинителството ги следи случувањата во врска со дадената изјава на лицето за кое покажувате интерес и во рамките на претходно отворениот предмет за говор на омраза ќе биде додаден и овој предмет. Лицето ќе биде повикано во Обвинителството во врска со вчерашната дадена изјава“, велат од Обвинителството. 

Во своето синоќешно обраќање сѐ уште актуелниот поглавар на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи за судијката која ја донела одлуката Бузаку да биде нов поглавар, смета дека е одлука против него, и се послужи со, во најмал случај, скандалозна изјава. 

Слушнав дека имала проблеми со здравјето, сега моментално. Но, не ја жалам, таквите нека починат", изјави Реџепи, поздравен со аплауз од оние што беа до него.

Вчера почна да се спроведува судската одлука со која Скендер Бузаку во регистарот на црквите и верските заедници Бузаку треба да биде впишан како нов поглавар на ИВЗ.

„За време на церемонијата на поставување камен темелник на џамијата во скопското село Арнакија, реисот Реџепи се обрати до присутните верници со зборови кои предизвикуваат омраза, раздор, нетрпеливост и исмејување на македонскиот народ – исполнувајќи ги битијата опишани во член 319 и 179 од Кривичниот законик“, соопштентија од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија по претходната изјава за која Реџепи беше повикан во ОЈО. 

Комисијата за односи со верски заедници и тогаш, а и сега го осудија говорот на Реџепи. 

Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, пак рече дека проблемот во ИВЗ лоцира во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, односно нејзините раководни лица.

К.Д.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе