По пријава од новинар, МВР ќе поднесе кривична пријава против вработена во „Комунална хигиена“

Во врска со пријавено кривично дело „самовластие" по член 392 став 2 од Кривичниот законик, пријавено на 8 август 2022 од страна на Ф.С., новинар од ТВ Клан, а сторено од А.М.Б., вработена во ЈП „Комунална хигиена" – Скопје во просториите на претпријатието, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, информира денеска МВР и најавува дека ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

„Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, превземени се мерки и активности за документирање на кривично правниот настан, при што на 9 август во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикана е А.М.Б., која го одземала мобилниот телефон на оштетениот Ф.С. и со неа е извршен службен разговор во врска со пријавеното кривично дело. Исто така, на 9 август во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикан е С.К., вработен во ЈП „Комунална хигиена" – Скопје, кој бил присутен за време на настанот“, се наведува во соопштението на МВР.

По извршената консултација со ОЈО Скопје, информираат од МВР, против А.М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ТВ Клан за овој настан објави прилог:

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе