„Култура“ во длабочина втор дел

По кадата најдени и плочки во Охридското Езеро (ФОТО+ВИДЕО)

По пронаоѓањето на кадата фрлена во Охридското Езеро во близина на брегот, од нуркачкиот клуб „Акватек" информираат дека пронашле и плочки. Спакувани во вреќа се пронајдени плочките, кои веројатно се фрлени откако сопственикот ја реновирал бањата.

Никола Паскали од „Акватек" на социјалните мрежи информираше дека кадата е извлечена од езерото, но сè уште не е подигната од страна на комуналните служби.

„Вреќата со плочки беше лоцирана 2018 година. Сега е извадена.... Полека но сигурно до крајот на сезонава апартмачето ќе го реновираме...
Рибиве шо ме гледет си викет овај не е нормален“, напиша Паскали на Фејсбук.

 

 

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе