Петта средба на децата бегалци од Егејска Македонија во Скопје и Штип

Петтата светска средба на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија ќе биде во знакот на одбележувањето 70 години од егзодусот.

Манифестацијата  ќе започне денеска со положување цвеќе на Споменикот на децата бегалци, на гробот на Гоце Делчев во црквата Св.Спас и пред споменикот на Лазо Ангеловски во истоименото основно училиште денеска во Скопје ќе започне 

Неколкудневните активности продолжуваат утре со свечен собир во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кој ќе биде промовирана едицијата книги „Татковината - копнеж на прогонетите“. Во Музејот на Град Скопје, пак, вечерта во 19 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од детските домови и од досега одржаните четири средби на децата бегалци.

На 21 јули учесниците за светската средба ќе одржат пикник во атарот на манастирот „Св.Пантелејмон“ на Пилав Тепе, во Штипско.

Во соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје в недела ќе се одржи панихида за загинатите и починатите, а манифестацијата ќе заврши со свечена вечера, информираат од Организацискиот одбор на Петтата Светска средба.

MИА

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе