Продолжува истрагата на БЈБ

Петровска: За случајот „Јавна соба“ во полиција сослушани две лица

Вчера вечер во полициска станица беа повикани две лица, од кои едното е администратор, а другото креатор на групата "Јавна соба", информира дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Откако министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на прес-конференција информираше дека институциите работат на идентификување на двајца администратори и двајца модератори на групата „Јавна соба", дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска на својот ФБ профил соопшти дека вчера вечер, за овој случај, во полициска станица биле повикани две лица,

„Продолжува истрагата на Бирото за јавна безбедност во врска со групата "Јавна соба" на Телеграм. Вчера вечер во полициска станица беа повикани две лица, од кои едното е администратор, а другото креатор на групата "Јавна соба". По извршените разговори и прибавените докази против нив ќе биде поднесена кривична пријава“, напиша Петровска која вели дека БЈБ продолжува со активности за евентуална вмешаност и на други лица.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе