НА КОНГРЕСОТ НА ДВИЖЕЊЕТО ЗА РЕФОРМИ ВО ДПА

Зијадин Села избран за претседател на ДПА

Движењето за реформи на ДПА го избра за претседател на партијата Зијадин Села, водачот на ова движење и градоначалник на Струга. Конгресот се одржа под мотото „По патот на Арбен Џафери“

За Зијадин Села да ја раководи ДПА гласаа 617 делегати, еден беше против, а седуммина гласаа воздржано. Села најави дека ќе ја предводи ДПА како демократска партија која со конкретен став дневно ќе реагира на сите политички предизвици.

Села побара од Мендух Тачи да му ги даде партиските печати, во спротивно ќе покрене судска постапка, зашто, како што нагласи, „ова е легитимната ДПА, а не таа на групацијата околу Тачи“ која, рече, ја приватизирала партијата.

Како што беше речено на Конгресот, Села ќе ја предводи партијата, доколку евентуално, поинаку не реши судот.

Конресот реши ДПА да отвори седиште и во Скопје, покрај постојното во Тетово.

Конгресот се одржа во Домот на култирата во Тетово, на само стотина метри оддалеченост од седиштето на ДПА. Под мотото „По патот на Арбен Џафери", повеќемина делегати истакнаа дека партијата треба да се врати на своите изборни принципи и да дејствува како вистинска демократска партија која ги артикулира интересите и барањата на Албанците. Меѓу делегатите беше и Осман Кадриу, истакнат експерт од областа на судството.

Меѓу гостите на Конгресот беа претставници на Националната демократска преродба, Партијата за демократски просперитет, како и претставници на неколку партии од Албанија, Косово и јужна Србија.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи во четвртокот изјави дека нема зошто да коментира собир на „определена групација", а на прашањето дали некоја од поголемите македонски партии го раководи Села, Тачи одговори негативно, нагласувајќи дека „Села е неконтролиран".

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе