ПО ИЗЈАВАТА НА ЗАЕВ

Зијадин Села: Ако ВМРО-ДПМНЕ не е за двојазичност, тогаш Македонија со две федерални единки

Откако Зоран Заев, претседателот на СДСМ, изјави дека нема ништо против ако се воведе двојазичност на целата територија на Македонија и по реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, се јави и Зијадин Села, градоначалникот на Струга и претседател на Движењето за реформи на ДПА.

Тој на својот фејсбук-профил напиша:

„Ако за ВМРО-ДПМНЕ албанскиот јазик не е рамноправен со македонскиот, тогаш Македонија нека се подели на две федерални единици – албанско и словенско говорно подрачје“.

Партијата на Села деновиве преговара за коалицирање со повеќе помали политички партии на Албанците во Македонија (Беса, Унитети, НДП и ПДП) за заеднички настап на изборите против ДУИ и ДПА.

Од ДУИ позитивно ја оценија изјавата на Заев.

Потпретседателот на Собранието, Рафис Алити, во изјавата за ТВ 21 рече дека таквата одлука треба да биде поздравена, но според него, прашањето за употреба на албанскиот јазик треба да се регулира со Уставот и Рамковниот договор.

ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека изедначувањето на македонскиот и на албанскиот јазик на целата територија е апсолутно неприфатливо за нив.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе