Зеќири: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се за НАТО и ЕУ да преземат одговорност во име на граѓаните

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зеќири денеска го повика раководството на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски да кажат дали се за ЕУ и НАТО или не, наместо, како што рече, да се обидуваат преку нелогични барања да дојдат до амнестија за Никола Груевски. 

„Над 600.000 граѓани јасно се определија за иднина во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција. Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО ДПМНМЕ се должни да ја следат мнозинската волјата на граѓаните.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се за НАТО и ЕУ да преземат одговорност во име на граѓаните кои ги избрале и да ги продолжат процесите во Собранието.

Затворањето на патот кон ЕУ и НАТО, значи затворање на пристапот до европските фондови, намалена финансиска поддршка, намален обем на инвестиции и работни места. Затоа е важно да продолжи процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО“, рече Зеќири.

Во спротивно, според него, единствен начин се предвремени избори кои мора да бидат организирани веднаш за доброто на државата, а „Мицкоски нема да може да избега од волјата на граѓаните“.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе