СДСМ

Зеќири: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат од матрицата на Груевски и да кажат дали се за ЕУ и НАТО

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да излезат од матрицата на Никола Груевски и јасно да кажат дали се за ЕУ и НАТО или се против, изјави пратеникот и потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири.

Изборот е јасен, одлуката е: или ЕУ и НАТО или изолација и неизвесност.

Ако се ЗА ЕУ и НАТО сега е моментот кога треба да се откажат од барањето амнестија за Никола Груевски и неговите соработници и да ги повикаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните во Собранието. Никогаш претходно во последните 20 години ниту една полтичка идеја не добила толку голема поддршка од граѓаните. Над 600.000 граѓани упатија јасна порака дека се за иднина во ЕУ и НАТО. Сега е моментот сите пратеници, особено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, се должни да ја следат оваа јасно изразената волја на над 600.000 граѓани за членство во ЕУ и НАТО.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои навистина се за НАТО и ЕУ мора да преземат одговорност во име на граѓаните кои ги избрале и да ги продолжат процесите во Собранието. Сите економски параметри прецизно покажуваат дека процесот на приближување до ЕУ и НАТО позитивно влијае врз економијата. Растат инвестициите, расте финансиската поддршка, се отвораат нови работни места.

Затоа, за иднината на Македонија најважно е да продолжи процесот на интеграција во ЕУ и НАТО. Ако Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, продолжат со измислувањето нови нелогични барања, јасно е дека сакаат да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и да ја вратат земјата во изолација и неизвесност.

Во тој случај, пради неодговороноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ единствен излез се предвремени избори организирани веднаш, за доброто на државата. Мицкоски нема да може да избега од волјата на граѓаните, Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО и ќе ја обезбеди својата иднина.

 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе