ПРЕД АНТИВЛАДИНИОТ ПРОТЕСТ В НЕДЕЛА

Здружената опозиција се прошири со три партии, ЛП носи одлука за приклучување

Кон Здружената опозиција предводена од СДСМ денеска се приклучија Нова Алтернатива на Ѓорги Оровчанец, Обединети пезнионери и граѓани на генералот Илија Николовски и партијата Пеп 21.

Лидерите на петнаесет партии ја потпишаа Декларацијата за соработка и најавија учество на антивладиниот протест што в недела ќе се одржи во Скопје. Во седиштето на СДСМ на состанокот со лидерот на партијата Зоран Заев беше и претседателот на ЛП Ивон Величковски, кој рекол дека органите на неговата партија ќе носат одлука за приклучување кон опозицискиот блок. На состанокот во СДСМ не присуствувал единствено лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов кој во моментов се наоѓа во странство, но неговата партија веќе ја има потпишано Декларацијата за соработка. Во името на сите партии, лидерот на ЛДП Горан Милевски најави дека протестот в недела ќе биде мирен и достоинствен и дека ќе биде, како што рече, досега најголемиот антивладин протест.
Здружената опозиција не испратила покани до партите на Албанците, но очекува и тие да донесат свои одлуки. Тоа што се очекува, рече Милевски, е на антивладиниот протест да учествува и голем број на Албанци.
Според него, власта веќе прави обиди за заплашување на граѓаните со пуштање на дезинформации за можни немири, но како што нагласи Милевски, протестот ќе биде и најмирниот досега антивладин собир.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе