СДСМ

Заев: Тоа што Груевски го правеше со изборите го нема никаде во светот! (ВИДЕО)

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска најави дека на една од наредните конференции за медиумите бомбата од снимките на прислушуваните разговори ќе биде поврзана само со начинот како се спроведувале последните изборни циклуси во Македонија.

 „Како се спроведуваа изборите во 2013, во 2011 и пред тоа... такво нешто нема никаде во светот. Ќе видите какви недозволиви и незаконски работи се правени во нашата Македонија. Изборите и изборните нерегуларности се врвот. Груевски од тула, преку лажното прикажување на волјата на граѓаните го наметнува сето ова што деновиве му го покажуваме на јавноста. Бидете трпеливи. Ништо не може да нè спречи“, рече Заев.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе