Заев-Ромео: Демократските процеси мора да се деблокираат

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска разговараше со амбасадорот на Италија, Карло Ромео, со кого констатирале дека е потребна деблокада на демократските процеси во Македонија, во интерес на граѓаните и стабилноста и перспективите на државата.

„Македонија мора да оди напред. Парламентарното мнозинство ќе ги продолжи чекорите кон избор на нов собраниски претседател и избор на новата реформска влада, според Уставот, Деловникот и законите во Република Македонија“, изјавил Заев.

На средбата, како што соопшти СДСМ, била нагласена потребата од разумност за мирен трансфер на власта преку почитување на демократските принцип, а се разговарало и за ризиците од пролонгирање на деблокадата на демократските процеси.

Заев објаснил дека од сегашната ситуација трпат граѓаните, кои се во сѐ поголема егзистенцијaлна криза, како и фирмите, кои веќе имаат проблеми со исплата на плати. „Министрите во заминување можат да функционираат само технички. Од средината на мај и на градоначалниците и советниците ќе им престане целосно мандатот. Нема да дозволиме последици на штета на граѓаните и на државата за лични криминални интереси на поединци. Мнозинството граѓани гласаа за промени, квалитетен живот за сите, правда, евроатлантска иднина на Македонија. Постои легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници поддржано од околу 700.000 граѓани. Постои Програма на новата реформска влада на унитарна Македонија. Никој нема право да запре демократските промени“, рекол Заев. 

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе