Заев од Ватикан: Испраќаме порака на обединување

Драго ни е што нашата сограѓанка, граѓанин на Република Македонија, веќе е светица. Мајка Тереза, симбол на милосрдието, хуманоста, солидарноста, претставува пример како треба да им се помага на луѓето без разлика на нивните различности, без разлика на какви било поделби, етнички и религиски, национални или слично, изјави во Ватикан лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Помагањето нè прави пред Бога почесни, подобри, а секако и на сите нас во душата ни е потопло. Верувам дека овој симбол на хуманоста, на солидарноста, на милосрдието, кој е предзнак на светицата Мајка Тереза, ќе нè следи сите нас, исправени пред многу важни моменти во Македонија. Испраќаме порака на обединување, на меѓусебно помагање, без разлика кој на која вера или етничка заедница припаѓа и без разлика дали е сиромашен или богат“, порача Заев.

 

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе