Заев: Од ДУИ добивме документ со решенија за Законот на јазици, прифатливо е се во рамките на Уставот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска потврди дека доцна синоќа од ДУИ добиле документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците. Тој изјави дека за СДСМ е прифатливо се што е во рамките на Уставот, додаде дека лично не го видел документот, но работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска го разгледуваат материјалот.

„За СДСМ е прифатливо се што е во рамките на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од било која малцинска заедница. Предлогот да е уставно издржлив и уставно издржан и да ги одразува практичните потреби на граѓаните.Како што реков предлогот стигна доцна синоќа и го разгледуваме“ изјави Заев.

Според него со вака широко доставени рамки не се знае кога ќе донесат одлуките.  

„За да не трпи бизнисот и економијата формирањето на влада до сега требаше да се заврши. СДСМ не сака да губи време и настојува да се најде прагматично решение бидејќи роковите се пробиваат“, изјави Заев.

Заев ова го истакна на одбележувањето на 95 години од постоењето на Стопанска комора на Македонија на која присуствуваат голем број на бизнисмени, дипломати, поранешни премиери и политичари од Западен Балкан. Тој истакна дека ова е одлична можност да се слушне од докажани бизнисмени и експерти во која насока треба да оди политиката во државата.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе