РЕАКЦИЈА ПО ИЗЈАВАТА НА ПРЕМИЕРОТ

За СДСМ повлекувањето на Груевски е од државен интерес

Само повлекување на Никола Груевски и формирање преодна влада што ќе ги овозможи неопходните услови за организирање фер и демократски избори може да ја нормализира земјата и да ја врати демократската, европската перспектива на Македонија, реагира СДСМ на денешната изјава на премиерот.

Соочен со неговото заминување од власта Никола Груевски очигледно има потреба да ја објаснува сопствената подготвеност да даде сè и да направи сè само да ја сочува својата фотелја, реагира СДСМ на денешната изјава на премиерот Груевски со која тој најави подготвеност за избори во најбрз можен рок, во „јули, септември, ноември или во април" и со која ги коментираше бриселските преговори и неприфаќањето на предлогот од Заев за преодна влада.

-Лично Никола Груевски и неговите соработници, со криминалното владеење и уништувањето на економијата, демократијата и европската перспектива на земјава се најголемите кочничари за иднината на Македонија.Затоа, повлекувањето на Никола Груевски е државен интерес.Како предизвикувач на огромните проблеми со коишто се соочуваат земјата и нејзините граѓани, креаторот на политичката и државната криза, Никола Груевски е клучниот дел од проблемот и тој не може да биде дел од решението, наведува СДСМ.

Во соопштението се нагласува дека „само повлекување на Никола Груевски и формирање преодна Влада којашто ќе овозможи неопходни услови за организирање на фер и демократски избори може да ја нормализира земјата и да ја врати демократската, европската перспектива на Македонија".

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе