КАСАМИ И СЕЛА ВО ПРЕГОВОРИ

Во вториот круг Беса и Алијансата за Албанците ќе одат заедно против кандидатите на ДУИ

Ќе го побарам Села за да разговараме за можноста за соработка во вториот круг за да ги максимизираме резултатите, изјави денеска Билал Касами, претседателот на движењето Беса.

Веќе имало и средба на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со кандидатот на коалицијата за градоначалник во Гостивар Арбен Таравари, заедно со Билал Касами, лидерот на Беса и кандидатот за градоначалник на оваа партија во Чаир, Зекирја Ибраими.

Таравари ан својот фејсбук профил ја објави оваа фотографија и напиша - „продолжуваме заедно“.

Во Гостивар во вториот круг влезе Таравари, а негов противкандидат е Невзат Бејта од ДУИ.

Во скопската општина Чаир пресметката во вториот круг ќе се води меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими. Разликата е од 1.653 гласови во корис на ДУИ. Во општината Сарај, поранешниот министер за правда Блерим Беџети од ДУИ е во убедливо водство пред противкандидатот Башким Бакиу од Беса.

Неизвесна ќе биде и пресметката во Струга - досегашниот министер без ресор Рамис Мерко од ДУИ е во минус од 1.300 гласа во однос на актуелниот градоначалник Зијадин Села.

И во Тетово ќе има пресметка меѓу ДУИ и Беса. По првиот круг Теута Арифи, актуелната градоначалничка е во предност (13.265 гласа) пред Касами (8.767 гласа).

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе