ПРЕГОВОРИ ЗА НОВА ВЛАДА

Во ДУИ ништо ново, претседателството ќе донесе одлука - деновиве

Во ДУИ и натаму се дебатира за тоа која одлука е најдобра за државата, за Албанците и за партијата. Претставници на партијата денеска брифираат дека сега се разговара за одговорот на СДСМ на нивната понуда за решение за двојазичноста во земјава.

Одлуката за тоа дали ќе формираме влада со СДСМ ќе биде донесена деновиве, изјави  денеска Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

„Централното претседателство ќе се свика тогаш кога ќе имаме материјал по однос на прашањата кои ДУИ ги има поставено како услови без кои не се може, а еден од нив е и законот за официјална употреба на албанскиот јазик“, рече Османи

Вчера Османи рече дека нивниот предлог закон за употреба на јазиците може да се менува само во смила на проширување, а не на стеснување на правата. Претходно СДСМ до ДУИ испратил понуда за условите за формирање собраниско мнозинство и за нова влада.

Другите две партии, потписнички на платформата на Албанците во Македонија, изјавија дека се подготвени да ги дадат потписите на нивните пратеници (Беса - 5, Алијанса за Албанците - 3), за тоа дали ќе учествуваат во новата влада, дополнително ќе одлучуваат. 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе