ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски реши да не учествува на локалните избори

ВМРО-Народна партија, предводена од Љубчо Георгиевски нема да учествува на локалните избори, а општинските комитети можат да прават коалици на локално ниво кои ќе бидат во интерес на граѓаните, соопштија од партијата. 

„На седница на Извршниот комитет ВМРО-НП донесе одлука да не учествува на претстојните локални избори на централно ниво. Во исто време ги повикува општинските комитети и им дава слобода да направат коалиции на локално ниво кои ќе бидат во интерес на граѓаните. 

Поддршката што ќе ја дадат на локалните кандидати за градоначалници и советници не е поврзана однапред со партиска припадност, туку треба да зависи од квалитетот на кандидатите за градоначалници и советници“, се наведува во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе