Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговите функционери се грижат само за нивниот луксузен живот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение реагира дека Владата за само 5 месеци без никакво објаснување и реален основ ја задолжила државата и граѓаните за вртоглава сума од над 360 милиони евра, а од државните резерви испумпа 180 милиони евра. Според опозициската партија, Заев и неговите функционери воделе грижа само за себе и својот луксузен и комотен живот, а не за интересите на граѓаните. 

„Тоа се над половина милијарди евра или неверојатни 540 милиони евра. Вкупниот јавен долг со секој нов ден достигнува историско ниво, без да се каже на што и како се трошат парите кои со камата утре ќе ги враќаат граѓаните и идните генерации на Република Македонија. СДС и Заев во предизборниот период ветуваше дека нема да ја задолжува државата и граѓаните. СДС и Заев ветија. СДС и Заев излажаа. Забрзаното темпо на задолжување од Владата на СДС и Заев е закана за економска стабилност на Република Македонија. Владата на СДС и Заев ги задолжува граѓаните, а на сметка на тоа нема најава за започнување на ниту една капитална инвестиција од која граѓаните ќе имаат најголема придобивка“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе