ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветува сѐ за да дојде до власт, и да не оди во Идризово

„Во моментов на аболицираниот криминалец Зоран Заев му следи вкупна казна од 9 години доколку биде прогласен за виновен за двете дела за кои е обвинет. Јасно е зошто Заев е подготвен на секакви отстапки и секакви пазарења. Заев знае дека ја нема поддршката од народот. Знае дека изгуби на изборите на 11-ти декември", изјави денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

­ Данев изјави дека според кривичниот закон, казна затвор од 5 години му следи на секој што прима поткуп, а казна затвор во времетраење од 4 години му следи на секој што ќе стори насилство кон претставници на највисоките државни органи. 

Според ВМРО­-ДПМНЕ, лидерот на СДСМ е подготвен на секакви отстапки само да ја сочува својата слобода и да не одговара за двете дела за кои е обвинет. ­

„Затоа пред Заев се две можности или да се обиде по секоја цена, ветувајќи се и сешто да ја заобиколи волјата на народот и да дојде на власт или да се помири со фактот дека наредните години ќе ги помине во казнено-­поправниот дом Идризово“ истакна Данев. 

Историјата не е политички договор за добрососедство, туку сеопфатна студија за минатото, од која треба да се влечат поуки за сегашноста и патокази кон иднината.

повеќе

Владата и Министерстовто за култура треба да се дистанцираат од овој т.н. марш и да прекинат да го поддржуваат.

повеќе

Приказната ја почна новиот премиер со изјавата дека сме с'штиот народ, а ја продолжи екс-премиерот Георгиевски со својот пост на својот фејсбук профил.

повеќе