РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев вети 16, а не 12 илјади минимална плата

Граѓаните не очекуваат 12.000 денари минимална плата, туку 16.000 како што ветуваше Заев пред изборите. Граѓаните очекуваат 30.000 денари просечна плата како што ветуваше за време на предизборната кампања претседателот на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната најава на премиерот во Штип.

„Антиреформската влада на СДС ветува дека ќе дава помош за компаниите за да се зголемат платите, но не објасни дека истите тие пари ќе дојдат од даноците кои ги плаќаат сите граѓани на Република Македонија. На тој начин парите собрани од сите граѓани ќе одат како помош за сопствениците на неколку компании. Така владата на СДС ќе ги помогне и збогати бизнисмените блиски до нив, а не работниците во текстилната индустрија.

ВМРО-ДПМНЕ кога ја предводеше владата покажа како одговорна Влада треба да се грижи за работничките права. Во тој период се донесе закон за минимална плата која се покачуваше неколку пати, како и низа закони кои значително го подобрија стандардот и животот на работниците. Го повикуваме СДС наместо со гол популизам и партиски вработувања да се зафати со решавање на реалните проблеми на граѓаните на Република Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе