Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев уште еднаш излажа, наместо задолжителен, се реши за консултативен референдум

СДСМ уште еднаш ја погази демократијата во Македонија, а Заев уште еднаш ги излажа македонските граѓани и го погази ветувањето за задолжителен референдум. СДСМ повторно покажа самоволие и непочитување на парламентарната демократија, реагира ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната собраниска одлука за одржување на консултативен референдум за промена на името на 30 септември.

„Свесни за штетноста на капитулантскиот договор и свесни дека договор за промена на уставното име не е прифатлив за граѓаните, насила, и со тешка манипулација преку двосмислено референдумско прашање се обидуваат да го протуркаат референдумот. СДСМ брутално ја гази демократски воспоставената практика, формулацијата на референдумското прашање да биде резултат на консензус помеѓу сите релевантни политички партии. СДСМ со вака формулираното референдумско прашање го прекрши Законот за референдум, односно членот 15 каде се вели дека „прашањето на гласачкото ливче мора да биде прецизно формулирано и недвосмислено, така што граѓанинот на референдум да може да одговори со за или против“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе