РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува со спроведувањето на антидржавното сценарио

СДСМ и денеска во Велес ја повтори целта поради која Заев го спроведува ова негово антидржавно сценарио, а тоа е дестабилизација и создавање криза во државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ по денешната конференција за медиумите на социјалдемократите.

 

„Последната низа настани и сé понагласеното отворање чувствителни теми јасно ја дефинираат намерата на СДСМ да предизвика влошување на меѓучовечките и етнички односи. Играњето на таа карта е многу опасно и за СДСМ, но најмногу за граѓаните и за Република Македонија. Тежината на овие теми СДСМ не ја препознава, иако постојано кокетира, со што покажува бесчувствителност и немање на одговорност за вака значајни прашања“, реагира ВМРО-ДПМНЕ и повтори дека се работи за креирани, монтирани и прилепувани материјали.

„Тие се надеваат дека граѓаните ќе ги убедат во нешто што реално не постои, и што е измислена манипулација со монтирани материјали. Но вистината е дека креираните материјали на СДСМ немаат никакви аргументи, факти и не докажуваат ништо. Вистината е во она што навистина се случило. Ниту досега некој завршил во ендек, ниту некому била скршена глава, ниту, пак, нечија фирма била затворена, ниту, пак, некогаш судски одлуки биле договорени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Бомбата на СДСМ во Велес, за жал, пукна пред 20-ина години кога заради погрешните политиките на СДСМ се затворија речиси сите фабрики и претпријатија, а над 10 илјади велешани останаа без работа. Ефектот од погрешните политики на СДСМ Велес ги гледаше и тогаш, а ги гледа и денес. Ова СДСМ не може да го промени со ниту една своја лага и монтажа“, се вели на крајот од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе