Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, наместо да шири лажна еуфорија, да му се извини на македонскиот народ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев дадена во Брисел и вели дека тој ја лаже јавноста. 

„Република Македонија не доби ништо повеќе од тоа што веќе го има добиено во 2008 година. Условите за членство во НАТО Република Македонија ги исполни уште во 2008 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Заради Заев, сега дополнителниот услов не е решавање на проблемот кој што Грција го имаше со нашето име, туку откажување од името Република Македонија и бришење на македонската историја, традиција и култура.

Власта нема добиено ништо повеќе, но затоа има дадено многу повеќе. Зоран Заев ја понижи државата и потпиша промена на името на државата, ги прифати грчките црвени линии за промена на Уставот, идентитетот и јазикот“, пишува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат дека Заев со манипулации мисли дека ќе ја излаже јавноста за  капитулацијата која ја има направено, но граѓаните не можат да бидат излажани.

„НАТО членството е приоритет и на ВМРО-ДПМНЕ, но базирано на достоинство и  чест, а не на понижување и капитулација. Зоран Заев и СДСМ наместо да шират лажна еуфорија, треба да му се извинат на македонскиот народ“, се додава во соопштението.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе