ВМРО-ДПМНЕ: Заев е уценет политичар, тој ќе мора да испорача сѐ што се бара од него

Излезот од политичката криза во државата се нови парламентарни избори и само така граѓаните јасно и недвосмислено ќе може да се изјаснат околу тиранската платформа. Само така граѓаните на Република Македонија нема да се чувствуваат измамено, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Албанските партии потврдија дека има платформа, а претседателот на СДСМ Зоран Заев има обврска да ја реализира. Заев е уценет и за да не оди во затвор мора да испорача сѐ што ќе се побара од него, да го смени законот за јазици и да го официјализира албанскиот на цела територија, што ќе претставува вовед во редефинирање на Македонија во бинационална држава, да ги смени банкнотите, униформите и да ги осуди борците од НОБ за геноцид, да отвори дебата за промена на знамето, химната и грбот, да ги почне процесите на кантонизација и федерализација како вовед во промена на името на државата. Народот го гледа сето ова и храбро одлучи да му се спротистави на злосторничкото здружение во раководството на СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе