ВМРО-ДПМНЕ: За 9 месеци владата на СДСМ нѐ задолжи за 1,4 милијарди евра

Оваа Влада на СДСМ во деветмесечното владеење граѓаните ги чинеше 1,4 милијарди евра. Проекти нема, повисоки плати и пензии нема, подобар стандард нема. Сведоци сме на економски тероризам врз Македонија и нејзините граѓани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта предводена од Зоран Заев за да го оттргне вниманието од катастрофалните економски и антидржавни политики прстот го вперува кон политичките неистомисленици прогласувајќи ги за терористи. Пратеници, режисери, доктори, архитекти, полициски службеници и истакнати граѓани се соочуваат со досега невидени обвиненија за тероризам. Притворените во врска со настаните од 27-ми април не се терористи. Тоа се луѓе кои не се плашеа гласно да говорат против штетните политики на СДСМ и Зоран Заев. Секое продолжување на притворот од страна на судот е порака до сите неистомисленици и до сите оние кои размислуваат различно од СДСМ.       Македонија е единствената земја во Европа каде интелектуалци, актери, режисери и доктори се обвинети за тероризам.

Власта предводена од СДСМ треба да прекине со сите институционални злоупотреби во државата. Зоран Заев и СДСМ треба да бидат свесни дека во оваа земја постојат луѓе кои секогаш ќе се спротивставуваат на штетните политики со кои се уништува Република Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе