ВМРО-ДПМНЕ: Во Владата на Заев има министри кои извршиле и по десетина кривични дела

СДСМ успеа да собере мнозинство во Собранието и да состави Влада полна со ликови од транзицијата, предводена од човекот што отворено бара поткуп од „едно евро за Вицето“. Колкав капацитет за реформи имаат и останатите министри кои извршиле и по 10-тина кривични дела, јавноста наскоро ќе види, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС даде ветувања кои не може да се остварат само со интриги, манипулации и лажни обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните очекуваат СДС да почне и изгради нови 500 километри автопат. Докторите очекуваат плата од 100.000 денари, пензионерите повисоки пензии, а вработените просечна плата од 30.000 денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе