ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев почна со мерка за уривање на ограда и укинување на Кембриџ

Првата мерка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014-та година беше законот за отпис на долгови, а првата мерка на Владата на СДСM во 2017-та година е уривање на нешто што е веќе изградено. Владата на Заев не губи време да го оправда епитетот антиреформска. Уривање на оградата околу владината зграда и укинување на програмата Кембриџ се приоритетите на Зоран Заев и неговиот тим, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните. Граѓаните не сакаат деструкција, блокади и поништување на проектите. Граѓаните се против антиреформи. Тие очекуваат СДС да го исполни ветеното. Да не се реализира тиранската платформа и да се изградат нови 500 километри автопат. Граѓаните очекуваат минимална плата од 16.000 денари, просечна од 30.000 денари, а лекарите со право се надеваат дека час поскоро ќе добијат плати од 100.000 денари, кои СДС им ги вети. Граѓаните се во исчекување и на дополнителни 30.000 денари годишно, кои Заев ги ветуваше како поврат на 15% од ДДВ. Граѓаните очекуваат почнување на преговори за членство во ЕУ и влез во НАТО без да се задира во македонскиот идентитет. СДСМ нема да може вечно да живее на кредит употребувајќи го зборот „ќе“ и со лажни вести да се обидува да го дефокусира вниманието од ветувањата кои ги даде, обидувајќи се да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се мудри и знаат што значи Влада која работи за нивно добро. Граѓаните ја гледаат разликата, а истата ќе ја види и СДС на првите наредни избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе