ВМРО-ДПМНЕ: Владата да ги реши проблемите на земјоделците, а не да спроведува антиреформи

ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение побара од владата итно да се преземат мерки за решавање на проблемите на земјоделците. 

„Владата на СДС не смее да ги игнорира секојдневните проблеми на земјоделците. Земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на праски и ситуацијата е алармантна. СДС наместо да држи празни прес конференции нека излезе со сет реални мерки за да им помогне на земјоделците.

Земјоделците поради важноста на оваа гранка секогаш беа приоритет на владите на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во партиското соопштение.

Оттаму бараат да се зголемат субвенциите за поддршка за одржување на овошните насади за 2017-та година, најмалку 50%, а државата да се вклучи во пронаоѓање на нови пазари за извоз на праски. Освен тоа, се бара државата итно да се вклучи во заштита на македонските земјоделски производи и Владата да излезе итно со одлука за 100% обесштетување на штетите кај овоштарите.

„Ова се мерки кои вистински ќе им помогнат на земјоделците. Земјоделците очекуваат новата влада на СДС да ги решава проблемите со кои се тие соочуваат, наместо да спроведуваат антиреформи“, се додава во соопштението.

Објавено на

21 Јуни 2017 - 10:43

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе