Уште 20 дена до гласањето

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го каже ставот за референдумот, Мицкоски веќе рече дека секој граѓанин треба сам да реши

За утре е најавена конференција за медиуми на која ВМРО-ДПМНЕ ќе го соопшти ставот во однос на референдумот закажан за 30 септември. Главното прашање е дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го повика своето членство на бојкот или на гласање против промената на името како услов за членство во НАТО и ЕУ. Според досегашните говори на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, може да се претпостави дека утре ВМРО-ДПМНЕ ќе соопшти дека секој граѓанин сам ќе треба да реши како да гласа на референдумот и дека партијата Спогодбата со Грција ја смета за капитулантска.

„Кој е Христијан Мицкоски да му каже на народот што треба да прави? Да се обидува да го замајува со скапи маркетиншки трикови и странски пи-ар советници, кој ми го дал мене ова право?“, рече Христијан Мицкоски на 2 септември на партискиот собир во Кичево.

Дел од партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ веќе изјавија дека тие се за учество на референдумот и за глас „против“. Други пак и јавно најавуваат дека се за бојкот, како на пример пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски. За учество на референдумот и гласање против, се и дел од членовите на ИК, како на пример заменикот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, од т.н. групација реформатори.

Сите овие очигледно неусогласени јавно изнесени ставови предизвикуваат сериозна поделба во партијата и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. За најголемата опозициска партија усогласен е само ставот дека Спогодбата со Грција е капитулантска и антидржавна.

Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ веќе се закажани состаноци со пратеничката група, на ИК и на ЦК.

И европските лидери и дипломати кои деновиве ја посетија Македонија од Мицкоски главно бараа да повика опозицијата да биде дел од референдумот.

Мицкоски во Кичево рече дека „пред да одлучи секој од нас кој пат ќе го избере, пред да ја донесе таа одлука, потребно е да знае дека пред нас претстои исклучително тежок период. Би рекол период на специјална војна каде невистината ќе се прикажува за вистина, каде црното ќе ни го продаваат како бело, период на оцрнување на личности и нивно компромитирање, време кога ќе се ветува сѐ и сешто, со една замислена цел, да им помине замисленото. Време кога ќе се омаловажува, ќе се сака да се влее зајадлив црв на сомнеж во секоја нова искра надеж. Ќе се занимаваат со нас, со теми кои се бледи, кои се само отргнување од реалноста. Ќе се силат, ќе се удираат во гради, ќе велат дека водат на анкетите не 3, туку 30 проценти разлика, но реалноста еве ја гледате, каде е Зоран Заев, каде е ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. Фатени се до гуша во криминал, ќе велат дека се за НАТО и ЕУ, ќе се колнат во иднината, како што се колнеа во дедовината, а реалноста ја претворија во пекол. Тоа направија... Сите вие добро знаете дека Македонија е сѐ што имаме, нашиот последен остров, нашата љубов, нашите корени и нашата иднина. Македонија е нашето сѐ”, порача Мицкоски.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе