ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски не прави разлика од доспеани и недоспеани обврски

СДС бесрамно продолжува да ги задолжува граѓаните на Република Македонија. СДС за помалку од два месеци успеа државата да ја задолжи за околу 70-тина милиони евра. Граѓаните на Република Македонија секој ден кога се будат под власт на СДС, државата се задолжува за нови 1.7 милиони евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на СДС со ребалансот на буџетот предвидува зголемување на задолжувањето за 150 милиони евра повеќе од планираното. СДС откако е на власт докажа дека воопшто не се грижи за државата и за нејзината економија.

Тевдовски е збунет и конфузен. Тевдовски се обидува да ги лаже граѓаните и долговите што ги правеше нивниот поранешен градоначалник на Охрид Александар Петрески да ги припише на ВМРО. Тевдовски е загубен и не прави разлика меѓу доспеани и недоспеани обврски. Тевдовски не прави разлика меѓу долг на централната власт, локалната власт и јавните претпијатија. Срамно изгледаше Тевдовски обидувајќи се да најде некаква поткрепа за лагите на Заев дека скриениот долг бил 2 милијарди евра. Ниту има скриен долг, ниту најде 2 милијарди. Целосното фијаско на СДС и Тевдовски е сериозно. Тевдовски со своето незнаење и конфузност е елементарна непогода и ризик за економијата. Тевдовски треба да учи што е буџет и како се управува, но никако тоа не смее да го наплати од граѓаните.

Катастрофалната економска политика на владата СДС веќе започнаа да ја чувствуваат и граѓаните на својата кожа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе