Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Судот е директен учесник во раздорот предизвикан од владата на СДСМ

Партиските инсталации во судството го рушат функционирањето на правдата и правната држава, потенцираат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. „Очигледно е дека судиите станаа партиски послушници и војници. Јасно е дека во овој момент Република Македонија е во тотален мрак, а од правната држава нема ни П", реагираат од опозициската партија.

Оттаму додаваат дека судовите го погазиле принципот на непристрасност и директно ги поткопале темелите на македонската правна држава.

„Доколку судиите имаа интегритет, совест и свест ќе ги ослободеа сите неправедно притворени лица од 27-ми април, но очигледно е дека за нив е најважен политичкиот интерес. Вистинските виновници кои го прекршија Уставот и законите, во моментов ги водат институциите на Република Македонија. Уметниците, пратениците, полициски службеници не се терористи. Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков и останатите приведени се жртва на политички прогон само заради нивната храброст гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните политики на власта на Заев", наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Како што велат, судиите кои донесоа одлука за продолжување на притворот на искрените и чесни патриоти и уставобранители, се срам за судството и владеењето на правото, а одлуката на Апелациониот суд ја оценуваат како скандалозна бидејќи не се темелела на факти и докази.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш, како што нагласуваат, овој политички монтиран случај да биде повлечен, а притворот за уставобранителите да биде прекинат.

„Судот стана алатка за политичка инквизиција која и се случува на Република Македонија. Судот е директен учесник во раздорот и продлабочувањето на кризата кои произлегуваат од катастрофалните политики на владата на СДСМ. Наместо да се придвижуваме кон Евроатланскиот пат, СДСМ со водење на ваква срамна и самоуништувачка политика, со монтирање и фабрикување на монтирани судски кривични постапки ја оддалечува Република Македонија и нејзините граѓани од европските стандарди", стои во соопштението на партијата.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе