ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски ја покажа неспособноста да организира миење на „мерцедесот“

Додека ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на создавање на подобра иднина за сите граѓани на Република Македонија, Министерот Оливер Спасовски, држи празни прес-конференции со кои на граѓаните им ја покажува сопствената неспособност за чување и одржување на државниот имот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение.

„Оливер Спасовски го надмина и својот шеф Зоран Заев и пред цела јавност покажа дека не е способен да организира миење на службено возило на МВР, со кое се возат највисоки странски делегации. Затоа наместо настапи на кои ќе промовира некоја реформа или успешна акција, Спасовски излегува со манипулации.

Тоа е разликата меѓу СДС и ВМРО. Приоритет за ВМРО е подобрување на стандардот на граѓаните, а за СДС да дефокусира од ветувањата што ги даде за избори. Колкава е штетата од неодговорноста на СДС може само да се претпостави, како што може да се претпостават и мотивите на Спасовски и Заев да не го одржуваат возилото во кое се превезуваат странски делегации“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Што побргу СДС излезе од антиреформскиот филм, толку подобро за граѓаните. СДС веќе не е опозиција и има одговорност да реализира проекти од полза на граѓаните.

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе