Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Со пресудата за „Поткуп“ се потврди неказнивоста на власта

Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и со одговорност за криминално однесување. Ослободителната судска пресуда за „Поткуп" не изненади никого. Jавностa е свесна како работи судството под политички притисок на власта. Беше сосема јасно дека судот нема да собере храброст да му изрече казна на главниот „реформатор" во правосудството, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната ослободителна пресуда за случајот „Поткуп".

Според Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, беше сосема јасно дека судот ќе подлегне на заканите од Зоран Заев дека би можел да си ги реализира најавите за генерален реизбор на судии, во кои тој како реформатор би носел одлука кој нема да биде реизбран. „Бројни се заканите, но и наградите со кои власта ги мотивира или заплашува судиите да работат по нејзин терк. Денешната одлука на судот е потценување на севкупната македонска јавност дека не го видела тоа што го виде на снимките на кои Зоран Заев бара поткуп. Денешната одлука на судот е потценување на секој граѓанин кој го слушна сведочењето на оштетениот бизнисмен кој под заклетва тврдеше дека Зоран Заев во својство на градоначалник му барал поткуп за секој квадратен метар земјиште и тоа по едно евро за црквата, едно евро за партијата и едно евро за Вице. Денешната пресуда ги покажа двојните аршини по кои работат македонските судови. Пред неполна година, судот во Кавадарци, осуди поранешен градоначалник за поткуп, само и само врз основа на изјава на сведок, изјава кој патем во неколку наврати сведокот ја менуваше. Разликата меѓу двата процеси е во тоа што тука му се суди на лидерот на СДСМ, а во Кавадарци се судеше на функционер на ВМРО- ДПМНЕ.

Со денешната пресуда на дело се потврди неказнивоста на власта. Пораката што денеска се испрати гласи: законите не важат за СДСМ, нивните функционери слободно може да бараат поткуп и да тонат во корупција. Пораката што денес се испрати е дека судот е политичка алатка за пресметка на СДСМ со неистомислениците. Судството мора да се реформира и ќе се реформира кога криминалниот картел ќе си замине од власт“, изјави Стоилковски.

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе

Ако Владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ треба да го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот.

повеќе

Настрана од прашањето околу името, зачленувањето во НАТО ќе има реперкусии по нашиот животен стандард, реперкусии кои не смееме да ги занемариме, реперкусии поради кои ниту под уставното име не треба да прифатиме зачленување во НАТО.

повеќе