Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Со нас не се усогласени реформските закони во судството

СДСМ ја лаже и домашната и меѓународната јавност. Законите за реформи во судството не се усогласени со ВМРО-ДПМНЕ. Реформите во судството мора да бидат во согласност со препораките на Европската комисија и Венециската комисија. Забелешките на ВМРО-ДПМНЕ ниту се прифатени, ниту се вградени во решенијата на СДСМ. Токму заради значењето на реформскиот процес во делот на судството, ставовите меѓу власта и опозицијата требаше да се усогласуваат на дополнителни средби на работната група, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на заменик министерот за правда Оливер Ристовски.

„Денешниот настап на заменик министерот за правда ја покажува несериозноста на СДСМ кон целиот процес. Станува сѐ појасно зошто целосно се распадна претходниот состав на телото за реформи во судството. Несериозноста и неспособноста на СДСМ на крај ќе ја платат граѓаните на Република Македонија. Затоа оваа власт мора да биде поодговорна или час поскоро да си замине и да престане да прави штета на државата. ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција останува силно посветена на ЕУ и НАТО интеграциите и затоа смета дека реформите не смее да се сведат само на шминка со која што ќе се залаже домашната и меѓународната јавност, туку мора да ги исполнуваат европските критериуми“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе