ВМРО-ДПМНЕ: Со лажните анкети на Рејтинг, СДСМ покажува очај

Се додека СДСМ веруваат на анкетите на Ѓорѓи Спасов и неговиот син Никола Спасов од агенцијата Рејтинг, нема да постигнат никакви резултати. Овие анкети служат за мотивирање на членовите на СДСМ, а за нив Спасов зема дебели пари, реагира ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на резултатите од анкетата на јавното мислење на агенцијата Рејтинг.

„Со вакви лажни анкети СДСМ покажува очај, а не добиваат ништо. Единствено паричка ќе добијат Ѓорѓи Спасов и неговиот син Никола Спасов. Овие анкети се прават во канцелариите на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска. Потсетуваме дека оваа агенција Рејтинг на Ѓорѓи Спасов и неговиот син Никола Спасов пред сите избори досега, прогнозира успех на опозицијата, а никогаш тоа не се случило. Епилогот на ваквите анкети ќе е на штета на СДСМ. Затоа СДСМ треба да престане да си ги троши парите на фабрикувани анкети, а наместо тоа да инвестира во нови знаења и нови луѓе“, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

04 Април 2014 - 15:18

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе