Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозна е одлуката на Апелацискиот суд за продолжување на притворите

Одлуката на Апелацискиот суд да се продолжи притворот на лицата осомничени за настаните од 27 април е скандалозна, сметаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека уметниците, пратениците, полициските службеници и останатите притворени не се терористи.

„Институциите уште еднаш паднаа на тестот за владеење на правото. Судот со одлуката да ги отфрли жалбите за ослободување од притвор на патриотите кои ја бранеа оваа држава уште еднаш потврди дека ги подржува катастрофалните политики кои водат кон се поголем раздор и продлабочување на кризата. Институциите не покажаа минимум зрелост да работат за граѓаните, како што тоа им е наложено согласно закон и Устав. Уметниците, пратениците, полициските службеници и останатите притворени во врска со настаните од 27 април не се терористи. Тие не сториле никаков терористички акт, немале намера да се сокријат од правдата, ниту пак влијаеле или имале намера да влијаат врз истрагата. Одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите на лицата од настаните од 27 април е скандалозна и не се темели на факти и докази, туку на гола политичка конструкција", се вели во соопштението на опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека оперските пејачи, глумците, режисерите, архитектите, докторите и останатите се жртви на политички прогон само заради тоа што имаа храброст гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните политики на власта.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе