ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов потврди дека невладиниот сектор е продолжена рака на СДСМ

„Петре Шилегов го потврди тоа што го знаеше целата македонска јавност. Невладиниот сектор под контрола на Сорос не е невладин сектор туку продолжена рака на СДСМ“, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Шилегов. 

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата изјави дека Шилегов денеска се промовираше и во портпарол на невладините организации под контрола на Сорос и докажа како што рече дека вандализмот, демолирањето, нападите врз полицијата и уништувањето на културно историските споменици е заеднички план на СДСМ/Сорос.

„СДСМ/Сорос беа поразени на овие избори. Мнозинството граѓани му дадоа црвен картон на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите НВО послушници кои две години ја држеа Република Македонија во криза и нанесоа огромни финансиски штети“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе