РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Секој што сторил каков било криминал, треба да одговара

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која и покрај противењето на СДСМ во 2009 година ги предложи измените во Законот за помилување. Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Петре Шилегов од СДСМ. 

Одлуката на Уставниот суд да ја прифати иницијативата претседателот да може да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, како што рече Шилегов, значи дека Никола Груевски ја признал вината на своите најблиски соработници за изборните измами.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, тврдат дека остануваат со ист став и денеска - секој што сторил каков било криминал, треба да одговара.

„Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски. СДСМ денес во препознатлив стил се обиде да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО-ДПМНЕ стоело зад одлуката на Уставен суд. Затоа ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука. Впрочем, медиумите неодамна објавија дека СЈО без основа го побарало и предметот за педофилија кој се води против членови на семејството на Зоран Верушевски, осомничен во предметот 'Пуч' и близок соработник на Зоран Заев", стои во рекцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе