РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше дека нема да се задолжува, а со ребалансот планираат нови задолжувања

Антиреформската влада на СДС со предложениот ребаланс на буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС, Драган Тевдовски и Зоран Заев со месеци наназад зборуваа за нивната загриженост дека Македонија е презадолжена, а сега откако дојдоа на власт предлагаат ребаланс на Буџет во кој предвидуваат поголемо задолжување на државата до крајот на годината за 150 милиони евра.

Уште во првиот месец откако дојдоа на власт ја задолжија државата со 60 милиони евра.

Во ставката домашно задолжување владата на СДС планира наместо 17,8 милијарди денари да се задолжи за 20,7 милијарди денари. Тоа се нови 48,3 милиони евра долг кон домашните доверители.

Во ставката задолжување кон странство Владата на СДС планира наместо 12,3 милијарди денари, да ги задолжи граѓаните со 18,4 милијарди денари. Со ова планираат да не задолжат дополнителни 100 милиони евра повеќе кон странски доверители.

СДС ги лажеше граѓаните на Република Македонија. Ветуваа дека нема да се задолжуваат, а сега со ребалансот најавуваат дека за само 5 месеци ќе го зголемат планираното задолжување за речиси 150 милиони евра.

Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат зошто државата се задолжува со толкава сума и каде СДС ќе ја потроши. Луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници не смее да биде на трошок на граѓаните.

Граѓаните со право се прашуваат зошто СДС планира да го зголемува долгот, а притоа нема минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, ниту пак плата од 100.000 денари за докторите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе