РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со празни пресови сака да го одвлече вниманието од срамниот настап на Јанева

Продолжува некрофилијата и нечовечкото однесување на СДСМ, реагираше ВМРО-ДПМНЕ со соопштение на изјавата на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски дека Никола Груевски  бега од надзорната расправа за поплавите.

„Очигледно Сугаревски и СДСМ очајнички се обидуваат преку вакви празни прес конференции да го одвлечат вниманието на јавноста од срамниот настап на Катица Јанева во Собранието на Република Македонија. Да е срамот и скандалот уште поголем, СДСМ за да ја заштити Катица Јанева, се обиде да ја искористи и злоупотреби Надзорната расправа која се однесуваше на поплавите од 6-ти август кои го погодија скопското подрачје“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Отаму додаваат дека „нема да го дозволат обидот на СДСМ да ја претвори Надзорната расправа за поплавите во циркус каде што сака да ќарува ситни политички поени на грбот на граѓаните и нивните судбини кои што беа погодени од оваа временска непогода“. 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе