ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се вплеткува во сериозно сценарио

СДСМ одбива да се откаже од тиранската платформа, чии елементи водат кон разнебитување на државата. Потоа СДСМ премолчи и за најавите на албанскиот МНР дека токму тие елементи треба да се преточат во Устав на Република Македонија. Сега СДСМ отворено кажува дека има план како на сила и да го реализира. Ова е многу сериозно сценарио во кое се вплеткува СДСМ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова сценарио нема да помине. Народот е против тиранска влада и тиранска платформа во Македонија. Како сериозна и одговорна партија понудивме излез од политичката криза. Тоа е Манифестот за единствена Македонија. Овој манифест е гаранција на унитарниот карактер на Македонија и најдобар одговор на негирањата кон македонскиот народ, државните симболи и иредентизмот кој го промовираат домашни, но и странски субјекти. СДСМ оди спротивно на сопствениот народ. Затоа стравот на граѓаните од идните политички дејства на СДСМ е оправдан“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе