„СДСМ, кукавички во раните утрински часови решија да го задоволуваат својот апетит за деструкција. СДСМ не може да поднесат да гледаат ништо што е изградено, создадено и што претставува паметник за македонската историја. Не им дава мир истовремено многу ги боли бидејќи тие самите се неспособни за ништо креативно. СДСМ денес манифестираа длабока фрустрација и гнев кон никој друг освен кон Македонија, и кон македонската историја и кон македонската култура. СДСМ работи за рушење на македонскиот национален дух, имаме историја кој се продава, неуставен закон за јазици, преминувани аеродром и автопат за што нашата татковина Македонија не доби ништо, споменици на херои кои се руштат", се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ во тајност, далеку од очите на јавноста, во текот на ноќта го срушија споменикот на македонскиот револуционер Андон Јанев Лазов - Ќосето.
„Надвор од умот и од цивилизираното однесување, надвор од законот, вандалите испратија механизација за да отпочнат со уривање за да ја покријат неспособноста и неработењето овие 9 месеци откако се на власт. Споменикот на Андон Јанев Лазов – Ќосето, почитувани мои не е дивоградба, како што тие сакаат да кажат и оправдаат. Советот на град Скопје согласно закон со бандинтерово мнозинство има донесено одлука за негово поставување.
Општината Центар има доделено и маркица врз основа на деталниот урбанистички план. Тоа се фактите, а тоа што го направи СДСМ е вандалски чин за кој се одговара. Во Македонија од илјадници дивоградби, вандалите одлучија да почнат да уриваат споменици кои се поставени согласно закон", додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.