ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос се гробари на независното новинарство и на граѓанскиот сектор

СДСМ и Сорос се најголемите душмани на независното новинарство и граѓанските иницијативи во Република Македонија. СДСМ и Сорос преку истурање грантови системски ги корумпираат новинарите и медиумите, создавајќи од нив полукорисни роботи кои без приговори ги извршуваат задачите кои им се даваат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и Сорос се гробари на т.н. граѓански сектор создавајќи мрежа на марионетски невладини организации кои се слепи послушници на наредбите кои ги добиваат со цел креирање тензии и зголемување на влијанието на Сорос во државата.  Оваа идентична шема на дејствување Сорос ја практикува насекаде низ светот. Граѓаните може со свои очи да ги видат оние кои протестираат деновиве против Доналд Трамп во САД извикувајќи „нема правда, нема мир“. Шемата е иста и е добро прочитана од сите. Во Македонија ваквите соросови инсталации во корист на СДСМ преку деструктивната платеничка револуција направија штета од стотици илјади евра, повредија повеќе од 50 полицајци, демолираа државни институции и уништија споменици на културата и на македонскиот народ. СДСМ и Сорос се посветени на мисијата за уништување на демократијата преку директен и брутален напад на секоја мисла различна од нивната матрица, од диктатите на Бихаќка и идеите на Џорџ Сорос во изминативе 25 години. СДСМ и Сорос се срам и елементарна непогода за Република Македонија. На 11-ти декември народот јасно, одважно и прецизно ѝ кажа „не“ на целата деструкција во режија на аболицираниот криминалец Зоран Заев и соросовите инсталации во Македонија. Народот одлучи: процесот на десоросоизација отпочнува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе