ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ економски ќе ја уништи Македонија

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ економски ќе ја уништи Република Македонија, а нивната неспособност и расипништво ќе ги плаќаат граѓаните.

„СДСМ ќе го качи јавниот долг на Република Македонија над 50%, а самите тие велеа дека земјата е пред банкрот уште кога долгот надмина 40% во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Од нова година до сега, за неполни две недели, тајно, зад затворени врати, црното економско трио на СДСМ Заев, Тевдовски и Анѓушев ја задолжија државата за над 570 милиони евра. За само 12 дена секој граѓанин во Република Македонија, благодарение на СДСМ должи нови, приближно 300 евра. Најпоразително е тоа што нови капитани инвестиции нема, освен оние кои беа предвидени од ВМРО-ДПМНЕ. Со задолжувањето ќе го покриваат огромниот буџетски дефицит, на најголемиот и расипнички буџет во историјата на државата, во кој нема пари за покачување на пензиите, социјалната помош, но нема пари ни за нови капитални инвестиции“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за денешното ново задолжување.

Од партијата реагираат дека додека државата неосновано се задолжува, стопирана е и реализацијата на тековните проекти што биле започнати од ВМРО-ДПМНЕ, прекината е градбата на автопатиштата, нема пари за зголемувањата на пензиите и социјалните трансфери, нема пари за нови енергетски капацитети.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе